Финалето во ЛШ сезонава за првпат ќе се игра во нов термин!
Имено, битката за европските шампион најдобри две екипи од стариот континент сезонава ќе ја водат три часа порано од вообичаеното, односнјо од 18:00 часот.
УЕФА ја потврди ваквата одлука и објасни зошто терминот е променет. Имено, со новиот термин се олеснува враќањето на навивачите по натпреварот, но исто така и економски може да придонесе за домаќините бидејќи победниците би имале повеќе време да слават.
„Оваа промена ги става навивачите во нашиот фокус. Финалето е во Лигата на шампионите е најважниот натпревар во сезоната, а новиот почеток ќе го направи повеќе достапен за сите. Терминот од 21:00 часот е погоден за натпревари во текот на неделата“, објаснија од УЕФА.