Неверојатно: Угарте добил два жолти картони, но останал во игра!? (ВИДЕО)
Новинарот Фабрицио Романо го сподели моментот кој го забележаа многумина, но очигледно не и главниот судија на натпреварот меѓу Англија и Уругвај.
Арбитарот му покажа два жолти картони на Угарте, по што сите очекуваа тој да замине кон соблекувалната, но фудбалерот на Уругвај остана на теренот.
Првиот жолт картон го доби по еден остар старт, а тоа го потврди и графиката на преносот, по што вториот жолт картон му беше покажан поради приговор.
Ugarte was yellow carded twice but didn’t get sent off?😭😭😭 pic.twitter.com/uIgOZgzGpZ
— 🫵🏽 (@idoxvi) March 27, 2026