Фердинанд: Нејмар правеше работи кои не ги можат ниту Роналдо и Меси
Во својот подкаст легендарниот дефанзивец зборуваше дека Нејмар на врвот од својата кариера поседувал талент и технички квалитет кој го спореди со Меси и Роналдо истакнувајќи дека дури ни тие не правеле работи кои тој ги можел.
„Прво сакам да кажам дека тука не се работи за судир на Вејн и Нејмар. Јас сум еден од најголемите навивачи на Вејн и секогаш сум го фалел. Но, морам да кажам дека Нејмар изведувшае работи кои ниту еден друг играч на светот не ги можеше, тука мислам и на Меси и Роналдо. Имаше моменти кога го гледате и помислувате. „Во ред, овој човек е наследник на престолот“. Беше многу блиску до тој момент во кариерата додека играше за Барселона“, изјави Фердинанд.
Инаку, оваа расправа доаѓа во моемнт кога Нејмар беше изоставен во последните пријателски натпревар на Бразил од Карло Анчелоти пред Мундијалот наредното на лето на кој Бразилецот има голема желба да настапи.