Манчестер јунајтед нуди 100 милиони евра за фудбалер на Барселона
„Црвените ѓаволи“ бараат фудбалер кој може да го замени Бруно Фернандеш како предводник во тимот, а исто така да ја потполнат „дупката“ која ќе ја остави Касемиро.
Лопез оваа сезона блесна во дресот на Барселона, па досега постигна 10 голови и 18 асистенции за каталонскиот гигант.
Шпанскиот репрезентативец, сепак, кажа дека не планира да го напушти „Камп Ноу“ и потпиша договор до 2031 година, откако претходно одби понуда и од Челси.
Фото: Manchester United/Facebook