Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Германија и Словенија
Грчевски повика 35 ракометарки, а на списокот нема некои посебни изненадувања во однос на претходно.
Ракометарките на Македонија по четири одиграни кола имаат една победа и три порази во групата 3.
Македонија првиот меч го игра против Германија на 8 април, а четири дена подоцна ќе се соочи со Словенија.
