Алонсо е подготвен да преземе гигант, но има два услови!

Германски „Билд“ пишува дека постои голем можност Чаби Алонсо да се врати на „Енфилд“, и тоа овој пат во улога на стратег откако тренерското столче на Арне Слот сериозно се „тресе“ по лошите резултати.

Шпанецот е подготвен за следниот предизвик во кариерата, по разочарувањето во Реал Мадрид и добиениот отказ, но наводно има два услови кои ќе бара да му ги исполнат „црвените“.

Двата услови се однесуваат на планирање на тимот, односно ангажман на фудбалер за врска и нов напаѓач, а засега не е познато дали Ливерпул е подготвен да му ги исполни желбите со оглед на тоа дека минатото лето потроши многу пари на засилувања.

Фото: Facebook/Real Madrid