Синер го совлада Микелсен и обезбеди четвртфинале во Мајами
Микелсен долго даваше отпор во првиот сет, а Синер успеа да направи брејк дури во 11. гем, по што сервираше за да го добие сетот со 7-5.
Синер имаше лош почеток на вториот сет, при што му дозволи на Микелсен да поведе со 5-2, но Американецот не ја искористи предноста, па вториот тенисер во светот успеа да ја врати неизвесноста и потоа во тај-брејк да слави со 7-4.
Фото: EPA