Партизан по голема драма го нокаутира најлошиот тим во Евролигата

Кошаркарите на Партизан триумфираа со 79-78 против Асвел во 33. коло од Евролигата и ја запишаа четвртата победа по ред во елитното натпреварување.

Асвел го отвори мечот на одличен начин и ја доби првата четвртина со 24-14, но во втората постигна само осум поени, додека Партизан успеа да направи целосен пресврт (36-32).

Големата борба продолжи и во второто полувреме, а мечот се решаваше во последните секунди кога Карлик Џонс реализира слободно фрлање за победа од 79-78.

Томас Ертел од Асвел беше најефикасен со 19 поени, еден скок и девет асистенции, додека Дилан Осетковски постигна 16 поени, пет скокови и една асистенција за Партизан.

Останати резултати:

Барселона – Анадолу Ефес 78-71
Валенсија – Олимпијакос 85-84
Реал Мадрид – Хапоел Тел Авив 92-83

Фото: Facebook/KK Partizan