Бецеки најбрз на трката во Бразил, Маркез остана без подиум
Италијанецот со овој триумф стигна до својата втора победа на патеката „Аиртон сена“ и со тоа им се придружи на Валентино Роси, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.
До победата дојде со само три секунди предност пред тимскиот колега, Хорхе Мартин. За шпанскиот мотоциклист ова беше прв подиум по преселувањето во Априлија, меѓутоа и прв по 500 дена.
Последното место на подиумот му припадна на Фабио ди Џанантонио кој заврши пред Марк Маркез.
Бецеки сега е прв во генералниот пласман со 56 бода, зад него следи Мартин со 45, додека Акоста е на 42.