Шкендија е шеста најнедисциплинирана екипа во Лигата на Конференции на УЕФА (ФОТО)

Актуелниот фудбалски шампион, екипата на Шкендија, имаше историска сезона во Лигата на конференции во која освен што се пласира во групната фаза стигна и до елиминацискиот круг како прва македонска екипа на која ѝ успеало такво нешто.

Тетовци, сепак, настапот во ова натпреварување нема да го паметат само по победата над Слован Братислава како најзначајно остварување, туку и по фактот што се најдоа меѓу најгрубите тимови. Шампионот во моментов е шеста најнедисциплирана екипа во ЛК со 24 бодови, кои доаѓаат од добиените картони – 21 жолт и еден црвен, на последната средба од групната фаза на гости кај АЕК Лаарнака (0-1).

Убедливо најгруб тим е хрватска Ријека со 28 бодови меѓу кои се и два црвени картони, пред Фиорентина и Рајо Ваљекано, додека полска Јагелонија дефинитивно е најгрубиот тим со дури три црвени картони во осум меча.