Косовски бисер дебитира за Баерн Минхен, но остана во сенка на – прекрасната сестра (ФОТО)

Екипата на Баерн Минхен вчера дојде до убедлива победа во пресметката со Унион Берлин (4-0), во натпреварот кој ќе остане запаметен по дебито на 16-годишниот Ерблин Османи.

Младиот талент со потекло од Косово доби шанса од тренерот Винсент Компани при водство од 3-0, кога влезе во игра наместо Леон Горецка и го запиша својот прв настап за сениорскиот тим. Сепак, иако дебито на Османи е огромен момент во неговата кариера, вниманието на јавноста – барем на социјалните мрежи – го „украде“ неговата сестра. Нејзината фотографија како навива со шал на Баерн, експресно стана вирална. Фановите буквално се „залепија“ за оваа сцена, а коментарите беа преполни со пофалби за нејзиниот изглед.

„Погледнете ја оваа убавица“, „Вистинска ѕвезда на трибините“, беа само дел од реакциите, со што интересот околу натпреварот дополнително експлодираше – но од сосема неочекувана причина. Османи сезонава настапува за повеќе младински категории на Баерн и има солидна статистика (16 меча, 3 гола, 5 асистенции), а веќе е и дел од У17 селекцијата на Германија.