Мурињо има големо срце – заплака за време на молкот за смртта на близок соработник (ВИДЕО)
Стадионот замолкна во чест на Силвини Лоуро – човек кој не беше само дел од стручниот штаб, туку и долгогодишен соработник и близок пријател на Мурињо. Двајцата поминаа 18 години заедно, период во кој градеа кариера рамо до рамо и споделија безброј заеднички моменти. Лоуро беше тренер на голмани во сите клубови каде што работеше Мурињо – од Порто, преку Челси и Интер, до Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Заедно освоија дури 23 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите, три во Премиер лигата, како и по една во Лигата на Европа и Купот на УЕФА.
Токму затоа, моментот на тишина беше премногу тежок за Мурињо – солзите сами потекоа, сведочејќи за врската што ја имаа и за празнината што остана. Натпреварот мина во знакот на Бенфика, која сигурно славеше со 3-0 со головите на Престијани, Павлидис и еден автогол, но вечерта ќе остане запаметена по емотивната сцена и почитта кон човекот кој остави длабока трага во кариерата на Мурињо.