Во времето на Сејдини имало 30.000 измислени фудбалери!
Денешнот собрение е историско, по 15 години се менува статутот кој е изработен од УЕФА и ФИФА, а со кој се регулираат и многу важни прашања кои во минатото служеле за системска манипулација.
„После 15 години, конечно ставаме крај на еден застарен, нефункционален систем и воведуваме ред. Статут изработен со УЕФА и ФИФА, кој не остава простор за импровизации. Да бидеме искрени, досега не зборувавме за реален фудбал, туку за бројки што не постојат. До последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција. Тоа не е мала грешка. Тоа е системска манипулација. Со новиот Статут, тоа завршува. Нема повеќе клубови што постојат само на хартија. Нема повеќе лажни записници. Нема повеќе фиктивен систем“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.