Омерагиќ: Судењето е без скандали и грешки!
Омерагиќ посочи дека денес најгласни се тие на кои им одговарал системот без контрола, но такво нешто повеќе не постои, затоа што се направени реформи.
„Ќе одиме до крај. Без калкулации. Без компромиси. И да им биде јасно на сите, оние што мислат дека со напади, конструкции и притисоци ќе нè поколебаат, се во сериозна заблуда. Тие времиња завршија. Најгласни денес се токму оние на кои им одговараше систем без контрола. Оние што со години функционирале во зона на комфор, без одговорност. Тоа повеќе не постои. Ова е борба за чист фудбал. И во таа борба нема чекор назад. Судењето денес е на значително, значително повисоко ниво. Без скандали и без крупни грешки. ВАР системот е сериозна поддршка и носи дополнителна сигурност во одлуките. Поплаки секогаш ќе има, тоа е дел од фудбалот, и кај нас и насекаде во светот. Но, денес зборуваме за поединечни ситуации, а не за системски проблеми. И да бидеме отворени...најгласни се секогаш оние на кои резултатите не им одат во прилог. Тогаш виновни се сите други, федерацијата, судиите… освен тие самите. Тогаш се пишуваат соопштенија, се создава притисок и се бара алиби. А кога победуваат, тогаш молчат. Време е одговорноста да се бара и во сопствените редови. Фудбалот не може да оди напред ако вината секогаш се бара надвор, а никогаш дома“, кажа Омерагиќ.