Барса ја загуби битката - Бернардо Силва се сели во Италија?
Раководството на италијанскиот клуб веќе воспоставил контакт со него и дало многу подобра понуда од останатите заинтересирани за искусниот плејмејкер. На Бернардо Силва веќе му се обратиле неколку други клубови, како во Европа, така и во странство, а најзаинтересирана беше Барселона која, сепак, очигледно веќе ја губи битката.
Конечниот збор се очекува да го даде Бернардо Силва и тоа пред почетокот на Светското првенство, со цел потоа да се фокусира на настапите и резултатите на португалската репрезентација.