Кејн: Не се плашиме од Реал Мадрид – подготвени сме да ги растуриме!
Херој на вечерта беше Хари Кејн, кој постигна два гола и стигна до бројката од 50 погодоци во Лигата на шампионите, со што стана првиот англиски фудбалер што го достигнал овој подвиг.
„Со ваква предност од првиот меч лесно е да се опуштиш, но ние сакавме да победиме со ист стил. Од првата до последната минута бевме на ниво“, изјави Кејн.
Англискиот напаѓач игра фантастична сезона и веќе има 47 гола на 39 натпревари, најмногу од сите играчи во топ 5 европски лиги. Пред дуелот со „кралевите“, Кејн е јасен:
„Секогаш кога играш против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, очекуваш тешка битка. Но, ние сме подготвени да го растуриме секој противник – не се плашиме од никого“, дополни фудбалерот.
Во составот на Баерн се врати и голманот Јонас Урбиг, кој настапи само една недела по потресот на мозокот. Кејн на шега додаде дека му олеснало што нема повторно да брани, алудирајќи на ситуацијата од времето во Тотнем кога мораше да застане на голот по исклучувањето на Иго Лорис.
ФОТО: EPA PHOTO