Бизарна ситуација во НБА: Кошаркар на Атланта случајно погоди и тоа - од кош на кош (ВИДЕО)
Во синоќешниот триумф над Далас, кој беше 11-ти по ред против овој ривал, натпреварот го одбележа еден неверојатен момент на Џонатан Куминга. Тој на самиот крај од третата четвртина се обиде да ја додаде топката до Џок Ландејл – но наместо тоа, топката заврши директно во кошот. Неочекувано, но совршено – тројка што веднаш стана хит.
Поранешниот кошаркар на Голден Стејт Вориорс шутираше од речиси 23 метри – дистанца од каде што ретко се погодува дури и во најлудите завршници. Според официјалните податоци на НБА, станува збор за шестиот најдолг погодок од воведувањето на деталното статистичко следење во сезоната 1997/98. Воедно, ова е и најдолгиот шут во историјата на Атланта, со што е срушен рекордот на Џејсон Тери поставен уште во 2000 година.