Дончиќ се спречка со навивач во Хјустон: Цело време ми зборуваше глупости!

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дончиќ, продолжува со блескавите партии, предводејќи го тимот на ЛА Лејкерс до сигурна победа на гостувањето кај Хјустон Рокетс (124-116) – седма по ред.

Мечот го одбележа и вербалниот дуел на Дончиќ со навивач од трибините, кој го провоцирал уште од самиот старт.

„Не знам, некој лик зборуваше глупости, ми покажуваше нешто... нема врска“, кратко изјави Дончиќ.

На прашањето што му одговорил, Словенецот одговори со насмевка.

„Не го кажувам тоа пред камера. Беше на англиски – се погрижив да ме разбере“, додаде Лука.

Подоцна појасни дека сè почнало уште во првата четвртина, по неговите почетни промашувања.

„По првите четири промашувања почна да зборува и го слушнав. Тогаш почна сè“, откри Дончиќ.

И покрај провокациите, словенечката ѕвезда одигра уште еден меч на МВП ниво – сезонава бележи просек од 33 поени, 8,5 асистенции и 7,9 скока по натпревар. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до скор 44-25 и се на третото место во Западната конференција на НБА.

„Ова е само почеток на нешто убаво“, порача Дончиќ.