Голем удар за Реал: Против Баерн без Куртоа!?
Куртоа беше изваден на полувремето од мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид поради мускулна повреда.
Тој претрпел повреда на мускулот во предниот ректум на десниот квадрицепс, соопшти Реал Мадрид.
Според шпанските медиуми, Куртоа ќе биде во аут неколку недели и би можел да ги пропушти и двата дуели со Баерн Минхен од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Некои прогнозираат дека ќе се врати дури во мај.
Проблем со голманите имаше и Баерн Минхен, но Мануел Ноер веќе почна со тренинзи и би можел да биде подготвен за мечевите со Реал Мадрид.