Тинејџер со хрватско потекло испиша историја во Баерн и ЛШ
Павиќ истрча на теренот со само 16 години и 58 дена, заменувајќи го Јосип Станишиќ во 72. минута од натпреварот во моменти кога Баерн веќе имаше сигурно водство од 4-0. УЕФА потврди дека Павиќ е првиот играч роден во 2010 година кој играл во Лигата на шампионите, што дополнително ја подигна летвичката за младите фудбалери низ целиот свет.
На листата на најмлади играчи, тој е веднаш зад чудото на Арсенал, Макс Дауман кој дебитираше на 15 години, и Јусуфа Мукок, кој играше во 2020 на 16 години и 18 дена. Павиќ ја остави зад себе и ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал. Претходниот рекорд на Баерн го држеше Пол Ванер, но Павиќ лесно го надмина и јасно стави до знаење дека клубот има нова генерација за иднината.