„Ова е најголемиот скандал во историјата на фудбалот“
Еден од оние кои регираа бурно е еден од најславните поранешни фудбалери од Африка, египетската легенда, Ахмед Мидо.
„КАФ е вистинска шега! Ова го кажувам со години. Дури и велам дека повеќето африкански легенди кои се вклучени/присуствуваат на настани/состаноци на КАФ се кловнови. Одлуката да се одземе пехарот од Сенегал и да се даде на Мароко е најголемиот скандал во историјата на фудбалот, одлука која едноставно ќе ја подели Африка. Во лицето на светот сега ние од Африка изгледаме како идиоти, заостанати, корумпиран континент. Африка заслужува подобро. Мора да има револуција во африканскиот фудбал. Сите овие луѓе мора да си одат денес, не утре! Не сум тука против Мароко, го сакам Мароко и ги сакам Мароканците, имам многу пријатели меѓу нив кои ги сакам и почитувам, но ајде, ова е предалеку. Изгубивте на теренот, Сенегал беше подобар тим во финалето и заслужуваат да бидат шампиони на Африка, тоа сите го знаат. Навистина сакав да им честитам на моите марокански пријатели, но не можам да им честитам за нешто што го освоиле во канцеларија, а не натеренот“, рече Мидо.
Со слични реакции како Мидо се јавија и други африкански легенди како Дидие Дрогба, Самуел Ето...