Закажан важен состанок на „Итихад“: Пеп е на праг да го напушти Манчестер сити

Манчестер сити беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Пеп Гвардиола наскоро би можел да го напушти премиерлигашот.

„Дејли Мејл“ објави дека е закажан важен состанок на „Итихад“ во следните денови, а главна тема ќе биде неговата иднина на тренерското столче.

Според шпекулациите, Гвардиола ќе замине од Манчестер на крајот на сезоната, по што ќе земе пауза од работата.

Сити сè уште е во трка за титулата во Премиер лигата, односно има 61 поен на втората позиција, односно девет помалку од лидерот Арсенал.

Фото: Facebook/Manchester City