Магија на мраз: И во хокејот се постигнуваат евроголови (ВИДЕО)
Откако се пристапи на изведување пенали, никој не успеа да постигне гол во првите шест серии. Потоа играчот на Динамо, Семјон Дер-Аргучинцев излезе на сцена и постигна гол каков ретко се гледа.
Тој се стрча кон голманот, го повлече пакот зад себе со полна брзина, а потоа шутираше одзади, во аголот. Сè се случи за секунда, а голманот на Спартак немаше поим каде е Дер-Аргучинцев или каде е пакот.