На Алкараз можеби ќе му биде полесно во Мајами – го избегна Медведев до финалето
Она што е познато е дека Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот, поради што изгуби 650 поени на АТП ранг-листата бидејќи лани играше во финалето против Чехот Јакуб Меншик. Најдобро рангираниот играч во светот, Карлос Алкараз во второто коло ќе го чека подобриот играч во дуелот Фабијан Марозан - Жоао Фонсека, а дефинитивно нема да му биде лесно на Шпанецот ако 19-годишниот бразилски талент го победи седум години постариот Унгарец.
Сепак, Алкараз го избегна до финалето Данил Медведев од кого загуби пред неколку дена во полуфиналето во Индијан Велс. Русинот е на страната на Синер каде е и Александер Зверев, тенисер кој исто така се наоѓа во добра форма од почетокот на оваа сезона.
Бранителот на титулата Јакуб Меншик во првото коло е слободен, а во второто ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Баез од Аргентина и квалификант чие име дополнително ќе биде познато.