Данска остана без вториот голман пред мечот со Македонија - се повреди Јоргенсен!
Чуварот на мрежата на Челси се пожалил на повреда, поради која ќе паузира одреден период, а информацијата ја потврди тренерот на премиерлигашот, Лијам Росениор.
Ова најверојатно значи дека Јоргенсен ќе отпадне од конкуренција за пресметката со Македонија, а Данска веќе некое време е без првиот голман Каспер Шмајхел, кој исто така е повреден.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија во Копенхаген се игра на 26 март од 20.45 часот.
Фото: EPA