Арсенал остана без двајца фудбалери, а го чека една од најважните недели сезонава

Екипата на Арсенал по киксот на Манчестер сити против Вест хем викендов направи чекор напред кон титулата, но премиерлигашот сега се соочува и со проблеми во неделата кога ги очекува реваншот во Лигата на шампионите.

Арсенал и понатаму е во игра за сите четири трофеи, а наредната недела може да биде клучна за два од тие трофеи, Лигата на шампионите и Лига купот.

Пред реваншот од осминафиналето во елитното европско натпреварување против Баер Леверкузен тренерот Микел Артета откри дека нема да може да смета на Мартин Одегард и Јуриен Тимбер кои се повредени.  

Шпанскиот стратег не е сигурен и дали ќе ги има на располагање за финалето против Манчестер сити кое на програмата е в недела. 

„Ќе мораме да почекаме и да видиме дали ќе се опорават до финалето. Сите ни се потребни во овој момент“. изјави Артета.

Тој потоа се осврна и на самиот реванш против германскиот клуб:

„Го следевме нивниот настап за викенд против Баерн. Станува збор за многу добро организиран тим со јасна стратегија, знаеме што треба направиме и веруваме ќе успееме пред нашите навивачи“, изјави Артета. 

Ќе потсетиме, Арсенал во Германија на првиот натпревар одигра реми 1-1.