Македонец можеше да настрада во Австралија - ограда падна врз него! (ВИДЕО)

Фудбалерот со македонско потекло кој живее во Мелбурн, Дарси Атанасовски и настапува за Мелбурн Најтс можеше сериозно да се повреди во натпреварот против Мелбурн Србија кога при прослава на погодокот врз него падна заштитната ограда.

Стануваше збор за натпревар на тимови кои се формирани од српски и хрватски колонии во Мелбурн, а по голот на Лука Колиќ, оградата во големата гужва која настана падна врз Атанасовски.

Во оваа ситуација тој заработи и повреда поради која беше замаенет. По инцидентот навивачите на на домашниот состав предупредија дека нешто клубот мора да поправи околу оградата бидејќи не било првпат да се случи да падне.