Антонели за моментот пред крајот на трката: Си приредив мал срцев удар...

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели денеска испиша историја во Кина станувајќи вториот најмлад победник на една трка во Формула 1, а по победата не можеше да ги сокрие емоциите.

Младиот возач беше и на работ на солзи.

„Буквално остана без зборови, блиску сум да заплачам. Му благодарам на мојот тим кој ми помогна да го остварам својот сон“, изјави Антонели.

Антонели стана и првиот Италијанец кој успеал да слави пред да наполни 20 години.

„И вчера кажав, навистина сакам да ја вратам Италија на врвот и успеав денеска, иако самиот себе си приредив мал срцев удар пред самиот крај“, истакна Антонели.

Имено, на само два круга пред крајот Антонели направи мала грешка која за негова среќа брзо ќе ја заборави и не ја плати со победа.