Влаховиќ доби совет: Остани во Јуве, ќе ја имаш најдобрата сезона со Спалети!

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Миралем Пјаниќ, смета дека за Душан Влаховиќ најдобро решение е да остане во торинскиот гигант.

Според Пјаниќ со Спалети на клупата, Влаховиќ нема да најде подобро место.

„Дали си сигурен дека ќе најдеш подобро место од Јувентус и Торино? Тоа е извонреден клуб и одличен град за играње. Не е лесно, зборувам од лично искуство. Убеден сум дека Влаховиќ ќе има фантастична сезона под водство на Спалети“, изјави Пјаниќ за италијанските медиуми.

Влаховиќ е надвор од терените од повредата која ја заработи на натпреварот против Каљари на 29 ноември минатата година, а на крајот од сезоната му истекува договорот со „старата дама“.

Според најавите од клубот, српскиот напаѓач наскоро би требало повторно да се врати на терените. Од доаѓањето во Торино во 2021 година, Влаховиќ за Јувентус одигра 162 натпревари во сите натпреварувања и постигна 64 голови.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Јувентус сака да го задржи во своите редови, меѓутоа во тек се преговори помеѓу двете страни.