Тиквеш броеше до шест против Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тиквеш лесно ја оправдаа фаворитската улога и уште еднаш во актуелната сезона го совладаа Шкупи со 6-0.

Резултатот беше отворен по само пет минути игра кога Лавал стрелаше за 1-0. До крајот на полувреме двапати во листата на стрелци се запиша Бразилецот, Лусианињо за веќе сигурни 3-0.

На самиот старт од вториот дел Лусианињо комплетираше и хет-трик, додека во продолжение Ѓорѓиевски и Стојанов ги поставија конечните 6-0.

Со истиот резултат Тиквеш сезонава го победи Шкупи и во февруари.

Тимот од Кавадарци со овие три бода дојде до 33, седум повеќе од Арсими кој е на осмата позиција, последна која носи во плеј-офот за опстанок. Арсими својот натпревар од ова коло го игра попладнево против Шкендија.