Необичен момент во Германија: Двајца браќа како капитени еден против друг

Вчерашниот ден беше посебен за семејството Шлотербек кое испиша историја во Бундеслигата.

Имено, двајцата браќа Нико и Кевен играа еден против друг, меѓутоа покрај тоа тие беа и капитени на своите тимови.

Нико на раката ја имаше капитенската лента на Борусија Дортмунд каде што настапува веќе четири сезони, а две години постариот Кевен исто така како капитен го предводеше Аугсбург.

Во еден период кариерата од 2018 до 2022 година двајцата беа и соиграчи во редовите на Фрајбург.