Мајсторија на Херера: Во 91. минута погоди од „скратен корнер“ за победа на Борац (ВИДЕО)

Екипата на Борац Бања Лука славеше победа од 1-0 над Железничар во 25. коло од Првата лига на БиХ, а овој дуел го реши потенцијалниот македонски репрезентативец Себастијан Херера.

Херера кој подолго време има македонски пасош маестрално изведе слободен удар и тоа во 91. минута, голманот на противничкиот тим беше немоќен, па така обезбеди три бода.