И синот на Роналдо знае да збесне - турна противнички фудбалер! (ВИДЕО)

Синот на Кристијано Роналдо, се најде во центарот на вниманието на последниот натпревар за тимот на Ал Наср до 15 години каде што настапува во овој момент.

Причината поради која што го привлече вниманието не беше некој негов фудбалски потег, туку незадоволството кое го покажа во моментите кога беше заменет.

Во натпреварот против големиот ривал Ал Хилал Роналдо јуниор незадоволен од некоја судиска одлука тргна да протестира, меѓутоа и турна еден противнички фудбалер кој се најде во близина.