Голманот кој Тудор го понижи веднаш побарал да замине, веќе се јавил еден клуб!
Тудор изненади кога во толку важен натпревар во Мадрид се одлучи во почетниот состав го вклучи Кински наместо стандардниот Викарио. Неговиот ризик брзо се претвори во вистинска катастрофа. Младиот Чех со две грешки директно им „подари“ голови на Маркос Љоренте и Хулијан Алварез, па до 15. минута на семафорот стоеше 3-0 за Атлетико.
Хрватскиот стратег потоа го повлече од игра, а Кински во солзи го напушти теренот и веднаш замина кон соблекувалната. Таа ситуација предизвика бројни коментари во јавноста, а најголем дел од нив беа во одбрана и поддршка за чуварот на мрежата. Според последните информации од Островот, Кински веднаш побарал и да замине од клубот.
Информациите се и дека Тотнем нема да му стои на патот, како потенцијална дестинација се споменува француски Оксер.
Кински во Тотнем пристигна минатото зимо од Славија Прага за сума од 16.5 милиони евра, а сезонава до вчера запиша само два настапи во англискиот Лига куп.