Навивач на Барса вчера го промашил стадионот на Њукасл - завршил 600 километри подалеку!

Вчера Њукасл и Барселона ремизираа одигрувајќи 1-1 во Лигата на шампионите, а еден навивач на каталонскиот гигант кој сакал да присуствува на „Сент Џејмс Парк“ завршил 600 километри подалеку.

Имено, место на стадионот на Њукасл навивачот заврши на југозападот на Англија дури 600 километри подалеку во домот на третолигашот Екстер, стадион кој исто така се вика „Сент Џејмс Парк“.

Од Екстер ја потврдија оваа необична ситуација истакнувајќи дека иако навивачот немал билет, сепак се сожалиле и го пуштиле да го гледа натпреварот во кој Екстер играл против Линколн како мала утеха.

„Еден од нашите волонтери дојде во канцеларијата за да не извести дека се појавил човек кој очекувал да ја гледа Барселона. Не зборуваше добро англиски, од она што разбравме, дошол од Лондон. Претпоставувам дека во телефон внел „Сент Џејмс Парк“ и потоа само ги следел насоките. Беше прилично разочаран и засрамен. Му обезбедивме билет за да го гледа нашиот натпревар и секогаш е добредојден да се врати“, изјави Адам Спенсер кој е кординтатор за односи со навивачите на Екстер.