Aзар за Винисиус: Некогаш го жалам, нема да ме чуди ако се повлече на 30 години

Винисиус Жуниор веќе подолго време е во центарот на вниманието, но не само поради неговите фудбалски квалитети, туку и поради работите кои се случуваат надвор од теренот. 

За ситуацијата низ која минува бразилската ѕвезда зборуваше и неговиот поранешен соиграч, Еден Азар.

„Тој има толку многу работи во главата пред натпревар што понекогаш го жалам. Знае дека ќе мора да се соочи со сето тоа, а ретко се случува нешто да се промени кога станува збор за санкциите. Денес повеќе се зборува за тоа што прави надвор од теренот или низ што поминува, отколку за тоа што му носи на фудбалот“, изјави Азар.

Белгиецот истакна дека луѓето често забораваат колку посебен фудбалер е бразилскиот крилен напаѓач.

„Луѓето забораваат колку е извонреден играч. Сето ова сигурно му создава притисок. Не е лесно да излезеш на терен и да не мислиш само на фудбал. Не би ме изненадило ако на триесет години каже дека се повлекува ако ништо не се промени., додаде Азар во интервју за белгиската државна телевизија.

Азар испрати и совет за бразилскиот ас. 

„Тој е човек кој го сака фудбалот, сака да игра и едноставно сака да се забавува. Приближно како што и јас се чувствував кога бев на терен. Мојот совет до него е да биде внимателен, нека игра како што сака, но и нека внимава, секогаш има луѓе што чекаат да погрешиш за те критикуваат“, додека Белгиецот.