Синер добро се испоти за да се пласира во четвртфиналето во Индијан Велс!

Вториот носител на мастерс турнирот Индијан Велс, Јаник Синер го победи Бразилецот Жоао Фонсека со 2-0 во сетови, но и во двата сета се играше тајбрејк.

Во првиот сет ниту еден тенисер не успеа да земе гем на сервис на противникот, тоа донесе до тајбрејк кој исто така беше тесен, Синер го доби со 8-6 и поведе со 1-0.

Тајбрејк се играше и во вториот сет, но тој беше малку поинаков. Најпрво Синер зема брејк и поведе со 4-2, а кога сервираше за меч, го загуби својот сервис и Фонсека си го врати изгубениот гем. Во тајбрејкот Синер беше подобар со 7-4.

Во четвртфиналето Синер ќе игра со американскиот тенисер Леарнер Тин кој со 2-1 го победи Давидович Фокина.

Синоќа победи и Александер Зверев, тој со 6-3 и 6-4 беше подобар од Тиафо.

Во женскиот дел од турнирот Сабаленка лесно со 6-2 и 6-4 го доби дербито со Осака и се пласираше меѓу осумте најдобри.