„Црвено-црна“ доминација: Вардар го разнесе Мелсунген за директен пласман во четвртфинале
На нашиот тим му беше потребна каква било победа, но тоа го направи на исклучително доминантен начин во меч во кој водеше во текот на сите 60 минути. Отвори со 6-1 по осум минути игра, Мелсунген одговори на идентичен начин и во 16. минута беше 7-7. Но, тоа беше се од домашниот тим, Вардар повторно се одлепи на четири разлика, на полувреме имаше 17-12, а на стартот од вториот дел и 20-12 со што уште тогаш ги реши дилемите околу победникот. Се што успеа Мелсунген да направи потоа беше да се доближи на четири разлика, далеку од доволно да го загрози нашиот тим.
Воркапиќ и Франциско беа најефикасен кај Вардар со по шест гола, Боно постигна пет, а се истакнаа и голманите со вкупно 11 одбрани.
Со оваа победа Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналето од Европската лига каде ќе го чека подобриот од плејоф дуелот меѓу Монпелје и Елверум.