Стадионот во Крива Паланка доби 1.050 седишта (ФОТО)

Општина Крива Паланка соопшти дека официјално во употреба се пуштени новите спортски трибини со капацитет од 1.050 седишта.

Спортскиот комплекс доби модерен лик, а со новите трибини просторот е збогатен за различни спортски манифестации.

„Продолжуваме со вложувања во спортот и здравите животни навики, создавајќи модерна и достапна инфраструктура за сите генерации“, соопштија од Општина Крива Паланка.