Брзо до нова функција: Антиќ ѝ се врати на кошарката – ама не во Македонија!

Легендарниот македонски кошаркар Перо Антиќ повторно се враќа во светот на кошарката, овојпат во улога на амбасадор на клубот Игокеа.

Назначувањето го потврди генералниот менаџер на клубот, Игор Додик, кој истакна дека квалитетите на Антиќ ќе бидат силна инспирација за сите во спортската заедница на клубот.

„Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од нашата заедница“, напиша Додик.

Антиќ до пред нешто помалку од една година беше претедател на КФМ, од каде што си отиде по полга војна со мнозинството од клубовите и оставајќи ја Куќата на кошарката во огромни долгови, барем според зборовите на неговите наследници.