Вардар и Пелистер во битка за голман од Израел?! (ФОТО)

Ракометниот менаџер и поранешен играч, Хен Ливгот објави дека македонските гиганти Вардар и Пелистер се заинтересирани за израелскиот голман Тал Пелед.

Ливгот пишува дека израелскиот голман, кој е висок 197 сантиметри и брани за француски Меси Есон, е мета на неколку екипи, но сè уште се водат преговори меѓу инволвираните страни.

Освен македонските клубови, Пелед е желба и на португалскиот тим Бенфика, па во следниот период треба да одлучи која е најдобра екипа за неговата иднина.

Фото: talpeled_official25