Бостон на крилјата на Тејтум го сруши Кливленд (ВИДЕО)

Бостон селтикс триумфираа во дербито против Кливленд кавалирс со 109-98, а предводник во победата беше Џејсон Тејту.

Кливленд беше очаен во нападот, посебно во втората четвртина кога постигна само 10 поени, додека Бостон на паузата замина со 56-36. Во вториот дел Бостон го одржуваше водството и запиша уште една победа.

Тејтум неодамна се врати на паркетот по тешката повреда на Ахиловата тетива, а натпреварот против Кливленд го заврши со 20 поени, три скокови и две асистенции.

Со оваа победа Бостон има 43 победи и 21 пораз, односно два триумфи помалку од лидерот Детроит пистонс.

Фото: Facebook/Boston Celtics