Драма на „Месталја“: Столе и Валенсија преку Алавес до нов триумф во Ла Лига
Алавес поведе по само три минути, откако Лукас Боје го матира Столе Димитриевски од белата точка.
Валенсија се врати на стартот на вториот дел преку Хави Гера (1-1), но Боје повторно го пронајде патот до мрежата на македонскиот голман во 71. минута.
„Лилјаците“ не се предаваа и тргнаа со сите сили кон голот на ривалот, а тоа се исплатеше затоа што Ерај Комерт стрелаше за 2-2 во 90. минута, а девет минути подоцна Уго Дуро ги постави конечните 3-2.
Standings provided by Sofascore
Фото: EPA