Познати се сите учесници на Ф4-турнирот: Охрид го распарчи Куманово во Купот

Ракометарите на Охрид триумфираа против Куманово со убедливи 35-18 и обезбедија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.

„Гладијаторите“ немаа посериозни проблеми против Куманово, па уште во првото полувреме постигнаа двојно повеќе голови од ривалот (16-8), додека во вториот дел продолжија со доминацијата за триумф од 35-18. Најдобар во победничкиот тим беше Никола Ристески со шест голови.

Пласман на Ф4-турнирот во Купот претходно обезбедија и екипите на Пелистер, Вардар и Алкалоид.

Фото: ГРК Охрид