Милан го доби градското дерби и ја намали негативата зад Интер (ВИДЕО)
Интер имаше одлична шанса за водство преку Хакан Чаланоглу по половина час игра, но не ја реализира, по што следеше казната.
Первис Еступињан со прекрасен удар ја затресе мрежата на „нераѕурите“ во 35. минута со што му донесе предност на Милан од 1-0.
Милан во вториот дел се закани неколку пати преку Рафаел Леао, но неговите удари беа непрецизни, по што Интер тргна по израмнувачки погодок, меѓутоа не успеа да се спаси од пораз.
Standings provided by Sofascore
Фото: Facebook/AC Milan