Де Роси со Џенова ѝ зададе болен удар на Рома и му направи услуга на Комо

Фудбалерите на Џенова триумфираа против Рома со 2-1 на домашен терен во 28. коло од италијанската Серија А.

Тренерот на Џенова, Даниеле Де Роси ѝ зададе болен удар на „својата“ Рома, каде што беше фудбалер и стратег пред да си замине.

Џенова го диктираше темпото во првото полувреме, но до водство стигна во 52. минута преку Месијас.

Радоста на домаќините не траеше долго затоа што Рома го возврати ударот со голот на Ендрик, меѓутоа Џенова во 80. минута ги постави конечните 2-1.

Фото: EPA