Халанд настрада по старт на Ковачиќ: Ти благодарам! (ФОТО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд се здобил со повреда на ногата на неколку дена пред мечот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).

Халанд објави фотографија од повредата на социјалните мрежи со која се здобил по старт на Матео Ковачиќ на тренинг.

„Ти благодарам, Матео Ковачиќ“, напиша Халанд.

Фото: Facebook/Manchester City