Јувентус ќе ја наполни касата - на чекор е од од 32 милиони евра!

Нико Гонзалес во септември од Јувентус замина на позајмица во Атлетико Мадрид, при што „старата дама“ инкасираше еден милион евра, со договорени бонуси од уште еден милион евра во зависност од неговиот учинок на теренот.

Мадридскиот клуб има и опција да го откупи неговиот договор за 32 милиони евра на крајот од сезоната, под одредени услови кои сѐ повеќе изгледаат реални, особено по одличниот настап на Гонзалес во саботата против Реал Сосиедад.

Аргентинецот влезе во игра во 54. минута во момент кога Атлетико губеше со 2-1, а потоа постигна два гола и донесе пресврт за победа од 3-2.

Атлетико ќе мора да го откупи неговиот договор доколку Гонзалес одигра најмалку 60 проценти од натпреварите во Ла Лига со минимум 45 минути на теренот по натпревар, што е еквивалентно на 21 настап во сезоната.

Гонзалес досега има 18 настапи во Ла Лига оваа сезона и вкупно 26 во сите натпреварувања.

Со оглед дека до крајот на сезоната остануваат уште 11 натпревари, потребни му се уште осум настапи за да се активира оваа клаузула, што во моментов изгледа сосема достижно ако се земат предвид неговите сѐ подобри настапи.