Маџари лесно го реши Кожув, Куманово го надигра Гостивар
Маџари беше разигран од самиот почеток на средбата, па на полувремето замина со предност од 44-25, по што стана јасно дека Кожув ќе има тешка задача да се врати во вториот дел.
Гевгеличани не покажаа ништо посебно во второто полувреме, па скопската екипа ја искористи својата шанса и славеше со 89-61.
Најефикасен во победничкиот тим беше Левис со 18 поени, додека Бојчев и Пурвис постигнаа по 11 поени за Кожув.
Првото полувреме меѓу Куманово и Гостивар беше ефикасно, односно беа постигнати 89 поени (47-42).
Гостивар беше подобар противник на теренот во третата четвртина, но затоа Куманово во последните 10 минути ја потврди победата.
Најдобар во редовите на Куманово беше Стевановиќ со 30 поени, додека Црниќ запиша 22 поени за Гостивар.