Пелистер ја декласира Струга - една победа го дели од фајнл-фор во Купот

Ракометарите на Пелистер триумфираа против Струга со 44-19 во првиот меч од четвртфиналната група Г во Купот на Македонија.

Екипата од Битола настапи со комбиниран состав, а без посериозни проблеми успеа да го надигра ривалот и да оствари убедлива победа (44-19).

Пелистер со оваа победа си закажа финале во групата каде што за место на Ф4-турнирот ќе се бори против победникот од средбата меѓу Прилеп и Драчево.